Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи во интервал од 7 °C до 17 °C.
Од утре се очекува промена на времето. Ќе преовладува умерено облачно, а повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.