Египетските археолози откриле изгубен град стар 3.000 години. Градот е целосен – со куќи, артефакти и алатки од времето на фараоните.
„Пронајдовме само дел“, изјави египтологот Сахи Хавас при обиколката на археолошкото наоѓалиште.
Ископувањата најверојатно ќе траат со години. „Загубениот“ град е од времето на кралот Аменофис Трети, кој владеел во Египет отприлика од 1391 до 1353 година пред новата ера.
„Многу странски мисии го бараа овој град и никогаш не го најдоа“, вели Хавас.
„Откривањето на загубениот град е второ најважно откритие по гробницата на Тутанкамон (откриена во 1922 година, н.з.)“, изјави професорката по египтологија на универзитетот „Џонс Хопкинс“, Бетси Брајан.