Со садење преку 150 садници на црн бор, со расчистувањето на дивите депонии во близина на манастирот св. Димитрија, с. Селце, здруживме сили и ја поддржавме акцијата на @Еко Свест Прилеп. Со овој потег, заедно почнуваме да ја менуваме колективната перспектива за нашата иднина. Почнавме оттука, зеленило и влијаење на еко-совеста и културата кај идните генерации, за љубов кон татковината и земјата во која живееме. Велат од огранокот на Левица во Прилеп.
„Една Македонија имаме и морално е да се направи рестарт на целиот систем со форматирање и отстранување на сите лоши фајлови, бришење на “кешираната” индиферентна меморија за да се направи простор за нови записи од млади луѓе со идеал и искрена љубов за подобро утре на сите нас. Доста ни е од зборовите “Тоа е, не може ништо се направи.”. Сите знаеме што БИ можело да се направи и што БИ било убаво да се направи. Но, ние го правиме тоа, вчера, денес и ќе продолжеме и утре. Сѐ што е уништувано низ годините, што од немарност и небрежност, што од своеволност на поединци, ние ќе возобновиме и реставрираме!
ЗА МАКЕДОНИЈА!
ЗА ПЕЛАГОНИЈА!
ЗА НАШАТА ИДНИНА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА !!!
ЗА СЛОБОДА И ПРОГРЕС !!!“, потенцираат од Левица.
173