Во салата „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на новинарите и на медиумските работници. Станува збор за 631 лице кои ќе се вакцинираат од 8:20 до 10:30 часот.
„Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро. Истото важи и за сите оние кои се пријавија по истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата“, велат од ЗНМ.
Денес се вакцинираат оние новинари и медиумски работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација, односно се над 40 годишна возраст, или пак имаат хронична болест.