Денес ни е совршено јасно зошто Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Чипсио и како второ заради што тој лично учествуваше во поставувањето на Чипсио за командир на ПС Прилеп. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?! Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Чипсио за командир на прилепската станица.
Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат на софра и во добро друштво. Исто така со уапсениот командит слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп – Јовановски.
Заради овие прицини, јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп. Миле Талески заедно со Јовановски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите.
Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кој денес се најгласни“, истакна Ристески.