Министерот Венко Филипче соопшти дека денеска ќе стигне донација од 2000 кинески вакцини од Абу Даби.
„Од почеток на февруари имавме иницијатива преку нашиот амбасадор со Емиратите со Абу Даби и денес ќе стигнат донација од 2000 кинески вакцини и организиран е превоз. Вакцините ќе стигнат на аеродромот во Софија, а оттаму има организиран превоз со кој вакцините ќе пристигнат во нашата земја во текот на денот“, рече Филипче.
Со нив ќе се вакцинираат граѓаните по возрасните групи. Досега се вакцинирани околу 25000 граѓаните, а утре завршува вакцинацијата во критичните структури.