Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави дека до Владата е поднесен предлог за измена на законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства која приватните болници ја наплаќаат за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.
„Се донесе одлука да се направи измена во законот за здравствена заштита со кој на приватниите болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус“, рече Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници, а кои се движат по неколку илјадници евра.
Минатата недела само приватната клиника „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10%, додека од „Систина“ рекоа дека не им е исплатливо.