Министерот за здравство Венко Филипче предмалку објави дека донацијата од 2000 кинески вакцини за Македонија стасала на аеродромот во Софија.
„2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја. Оваа донација е од Обединетите Арапски Емирати. Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Bujar Osmani што за краток временски период се обезеди оваа донација“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.