„Вселенска одисеја 2001“ прогласен за најдобар филм за Вселената


Филмската интернет-страна „ФАН“ објави листа од најдобрите филмови за Вселената во чест на Денот на космонаутиката. Според нив, на врвот е класиката „Вселенска одисеја 2001“ (1968 г.) на режисерот Стенли Кјубрик.

„Дури и ако никогаш не сте го погледнале овој филм, веројатно ви се познати сликите од него: суперинтелигентниот компјутер ’ХАЛ 9000‘ со црвено око или сликата на ембрион којшто лебди во ѕвездите“, велат авторите на рангирањето.

Втор на списокот е „Осмиот патник“ на Ридли Скот. Филмскиот хит на Кристофер Нолан „Интерстелар“ од 2014, ги затвора првите три. А пак, во врвната десетка се: „Аполо 13“, „Војна на ѕвездите: Нова надеж“, „Гравитација“, „Месечина 2112“, „Вол-И“, „Инферно“ и „Соларис“.

Рангирањето се заснова на рејтингот, критики, оценки, број гледачи и заработките на киноблагајните. Податоците се собрани од порталите „Машабл“, „Стакер“, „Вајрд“, „Кинопоиск“, „Филм про“, „Киновар“, „Ротен томатос“, „Кино мејл“, „Скрин рент“, „Есквајер“, „Спејс њуз“, „Рингер“, „ИМДБ“ и „Сајфај“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи