Граѓаните лути на Комуналец – 3 дена не го собираат ѓубрето коe граѓаните во Еко-акцијата кај Селце го собраа

Во неделата се одржа граѓанска еко-акција за собирање на ѓубре на локацијата на село Селце во која се вклучија голем број на граѓани и организации. Покрај чистењето ѓубре од подвожнакот нагоре и околу манастирот се засадила и една мала шумичка со повеќе од 150 дрвца.

Но, денес на социјалните мрежи се појавија реакции од револтирани граѓани кои посочуваат на неажурноста на ЈКП Комуналец кои 3 дена не го собрале ѓубрето кое беше собрано во еко-акцијата.

„Почитувани сограѓани,

во неделата, на 11.04.2021г како шо знајте повеќето, имаше организирано еко акција за собирање на ѓубре, на патот и околу манастирот во близина на с.Селце. Колку шо знам, ЈКП Комуналец од Прилеп, се понуди да учествува и од нив беше побарано само да го собера отпадот кој ќе биди собран во вреќи по настанот кој беше до 15ч на ден недела, 11.04.21. Денес, 14.04.2021, по 3 дена од настанот, дел од отпадот сеуште стои на едно место каде беше оставен, за полесно да го соберат. Денешниот ветар и животни, влијаеле и ѓубрето од вреќите беше расеано околу нив.Дали ЈП Комуналец од Прилеп и новиот директор Saso Veleski,  се жители на овај град и следат што се случува и дали имаат трошка образ да соберат храброст и да излезат пред граѓаните на град Прилеп и да објаснат зошто неделната акција беше саботирана од нив !!! Немаат капацитет или се не способни да испратат еден камион и да ја уважат и поддржат акцијата на граѓаните кои во голем број учествуваа и ливче по ливче собираа???

СРАМ ДА ВИ Е !!! НИЕ, ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД ПРИЛЕП ВИ ДАВАМЕ ПЛАТА !!! Споделете, можи и че разберат што се случува во градот!“ – стои во објавата на револтиран граѓанин.

Друг граѓанин со реакција запрашува:

„Само едно не можам да сватам и разберам за што плаќаме Комуналец, за што беше организирана оваа ЕКОЛОШКА АКЦИЈА?“

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи