На прашањето дали може Државниот пазарен инспекторат, да ги контролира цените на производите кои изминатиов период бележат зголемување, директорот Стојко Пауновски објасни дека оваа институција не е надлежна за да ги контролира цените во трговијата на мало.
„Државниот пазарен инспекторат врши контрола на цените, меѓутоа само на оние цени коишто се на државни ниво донесени, како заштитени или ограничени цени. За жал во трговијата на мало за најголемиот дел производи и стоки коишто се покачени овој период, немаме надлежност да ги контролираме бидејќи како држава сме ориентирани кон пазарната економија, а во пазарна економија и во приватниот сектор секој си оди од побарувачката и потрошувачката, како и од трошоците на набавка, трошоците за превоз што ги имаат како и она што им е како маржа односно заработувачка на самите претпријатија. Немаме надлежност да ги контролираме цените“, нагласи Пауновски.
Директорката на Државнот санитарен здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, на новинарско прашање околу покачувањето на цените на лабораториските услуги, посочи дека ДСЗИ нема ингеренции да ги контролира. Тоа, како што рече, е во ингеренции на други институции.