Контрола на СВР Битола: Откриени 11 возачи без дозвола – 129 ја пречекориле дозволената брзина


На (13.04.2021) на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување. Под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај.

Во периодот од 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи- Битола спроведил и регионална акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се 102 прекршоци. Било утврдено дека 58 возачи ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, а 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место.

За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи