Снимен е документарен филм за можеби најдобриот возач на Формула I на сите времиња Михаел Шумахер.
Спортската суперѕвезда не е виден во јавноста уште од инцидентот на француските Алпи во декември 2013 година, кога првакот во Формула I се здоби со тешки повреди на мозокот.
Моменталната состојба на Шумахер е непозната, бидејќи членовите на семејството и неговите најблиски луѓе избрале тоа да го задржат за себе.. Но, милиони навивачи на Шумахер сега ќе можат да ја видат снимката од нивниот херој, како дел од најавениот документарец, пишува британски „Експрес“.
Семејството на спортската ѕвезда го поддржува филмот. Ќе има ретки интервјуа и никогаш невидени архивски снимки. Филмот ќе биде снимен до 50-от роденден на Шумахер и 25-годишнината од неговата прва победа на Светскиот шампионат.