Фејсбук блокирал и избришал страница на француски град заради неговото име Бич


Главниот „хејтер“ на Фејсбук, Алгоритамот, без никакво предпредување блокирал и избришал страница на тивок мал француски град. Градчето со 5.000 жители, го помина месецот апелирајќи до надлежните за Фејсбук во Франција, кои милостиво ја вратиле страницата на градот.

Официјалната Фејсбук страница на францускиот град „Бич“ била блокирана по грешка од страна на алгоритамот на социјалната мрежа. Алгоритмот на социјалните мрежи базиран на вештачка интелигенција некогаш знае да биде од голема корист, но некогаш знае и да направи грешка.

Инаку, Фејсбук му ја блокирал страната на француски град поради тоа што името на градот „Бич“ потсетува на зборот „кучка“ на англиски.

„Се чинеше дека името на нашиот град настрада од погрешно толкување“, изјави градоначалникот на Бич Беноа Кифер, во соопштението за јавноста.

Страницата беше вратена утрово, со лично извинување од претседателот на Фејсбук во Франција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи