Филипче: Ако има потреба, полицискиот и после 20 април ќе продолжи


Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека се намалува бројката на новодијагностицирани од ковид-19, но дека притисокот во болниците е сѐ уште голем. Преоптоварени се болниците во Куманово и во Битола.

„Бројот на новодијагностицирани денеска е околу 1.000 што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа е еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати“, рече Филипче.

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави Филипче.

„Ако има потреба, да, ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анализиравме досега, а така ќе биде и во текот на следната недела“, изјави Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи