Филипче најави дека здравствените работници ќе го добијат покачувањето од 5% за март


Здравствените работници во текот на овој месец ќе го добијат покачувањето на плата од 5% за март, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче вели дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анкесот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддрршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.

„Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти“, изјави Филипче.

Како што истакна министерот за здравство, се планирало ако не се стигне во мај, здравствените работници да добијат дупла сума за изминатите 2 месеци, а потоа да се продолжи со по 5%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи