До крајот на април се очекува да стигнат 20 илјади дози вакцини од „Фајзер“. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека пратката што се очекува е дел од директните преговори со компанијата.
Првата пратка од 10 илјади би требало да стигне на 19 април, а на 26 април и другата пратка од уште 10 илјади вакцини.
Филипче додаде дека во тек е и комуникација со кинеската и руската амбасада од каде што се чека поголема количина пратки, а до крајот на месецот се очекуваат уште 76 илјади од „Астра Зенека“.