„Гугл Земјa“ (Google Earth) лансираше нова алатка која им овозможува на корисниците да патуваат назад во времето и да видат како светот се променил во изминатите децении.
Алатката користи милиони сателитски снимки од изминатите 40 години, па луѓето можат да ги видат топењето на глечерите и уништувањето на амазонските шуми низ времето, како Обединетите Арапски Емирати креираат вештачки острови во морето; Како ураганите го менуваат крајбрежјето во Северна Каролина, како природата го освојува Припјат.
Новата алатка е глобална, па корисниците можат да проверат која било локација и да експериментираат со достапните фотографии. Во Македонија може да ги погледнете промените на Дојранското и Преспанското Езеро.