Претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северен правец.
Во Прилеп и регионот температурата ќе се движи од 6 °C до 14 °C.