Регулаторна одлучи: Поскапуваат горивата

Facebook
Twitter
Email
Print


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот „Еуросупер БС-95“ и на еуродизел се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 58,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-98“ не се менува, и останува 69 денари за литар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи