Научници открија нов вид диносаурус од делови на скелет пронајден во пустина на северот на Чиле, пренесе BBC.
Остатоци од диносаурусот се пронајдени во пустината Атакама. Експертите велат дека растителнојадниот титаносаурус имал мала глава, долг врат и необично рамен грб и живеел во некогаш буен предел пред 66-80 милиони години.
Тимот предводен од чилеанскиот геолог Карлос Аревало ги пронајде остатоците на диносаурус во деведесеттите години, истражувањата се извршени подоцна, а резултатите се објавени пред два дена во Cretaceous Research.Остатоците откриваат дека диносаурусот бил млад, долг 6,3 метри. Наречен е Arackar licanantay што значи „коските од Атакама“ на Кунза јазикот. Се очекува тие да бидат изложени во Природонаучниот музеј на Чиле.