Од денес распределување на 10530 дози „Фајзер“ на вакциналните пунктови во државата


Во понеделникот пристигнаа 10 530 дози од вакцината „Фајзер“. Вакцините од денеска ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација.

Ќе се вакцинираат повозрасните граѓани над 73 години и имунизацијата ќе продолжи согласно Националниот план за имунизација, каде се предвидени хронично болните во приоритетниот распоред согласно старосната група во која припаѓаат.

На 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, а уште 10 илјади вакцини „Фајзер“ на 26 април.  Преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „АстраЗенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

Австрија објави дека почнувајќи од мај до август ќе испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер“ во 6 земји од Западен Балкан, како дел од механизмот на Европската Унија за помош на соседните земји и Африка. Во Македонија се очекува да пристигнат 119 илјади вакцини.

Досега се вакцинирани 41.421 лица, додека 182.250 граѓани досега изразиле интерес да се вакцинираат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи