Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашовски, оди во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор.
Освен за Рашковски, 30-дневен притвор му е изречен и на управителот на фирмата Инвока гроуп.
Драги Рашковски е осомничен во случајот за јавна набавка на софтер за сообраќајни прекршоци кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело.