Филипче: Бројките паѓаат, но мора да сме претпазливи поради непредвидливоста на вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче по редовната утринска координација со директорите на клиниките соопшти дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти.

„На редовната утринска координација со директорите на клиниките разговаравме за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претпазливи, поради непредвидливоста на вирусот“, напиша Филипче на Фејсбук профилот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи