Владата на денешната седница одлучила да се потпише колективен договор за високо образование и наука. Овластување за потпишување добила министерката, Мила Царовска.
„Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто-плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година“, велат од Владата.