Задолжително пензионирање на 64 години од наредна година


Задолжителното пензионирање на најголемиот дел од вработените на возраст од 64 години ќе стартува од наредната година. Измените и дополнувањата на законите со кои се регулира задолжително одење во пензија со наполнети 64 години и стаж од 15 години ќе се донесат најверојатно по празниците.

Работниците кои сакаат да го продолжат работниот стаж ќе можат да поднесуваат барање до крајот на август годинава, но нивниот продолжен стаж ќе важи до 30 јуни 2022 година.

Од задолжителното пензионирање на 64 години ќе има исклучоци за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование. Здравствените работници ќе може да се пензионираат на 67 години, но со претходно одобрување од директорот на установата каде што работат и со позитивно мислење од Министерството за здравство дека кадарот е потребен и нема негова замена. За вработените во високото образование исто така се предвидува да можат да останат да работат до 67 години, но за модалитетот кој треба да се произнесе за продолжување на стажот ќе треба да се договорат Универзитетите. Во областите каде имало бенефициран стаж како што е полиција, нема да може да се пролонгира пензионирањето, ако се користи можноста пензионирање пред законскиот рок.

Предлагач на законските измени е СДСМ, а поддршка доби и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи