Пошумување со 12 000 садници, одбележан Денот на планетата Земја во Крушево


Со околу 12 000 садници се одбележува Денот на планетата земја во Крушево, заедно со пораки за заеднички придонес и заштита на животната средина.

По засадувањето, кое се случуваше во близина на споменикот Слива, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изрази благодарност за сите што се вклучија и го поддржаа овој настан.

Оваа акција веќе прераснува во пракса и не е прва година заедно со СЕКЕ и ПСШ Липа да спроведуваме акции за пошумување на неколку локации. Оваа акција всушност значи влог во иднината, значи влог во заштита и обновување на животната страна. Оваа акција, исто така, значи и дека ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, ЈП Национални шуми и секако ПСШ Липа на дневна основа. “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во засадувањето учествуваа министерот за локална самоуправа Горан Милески, компанија СЕКЕ која донираше садници и опрема за ПСШ Липа, заедно со многу граѓани волонтери.

Раководителот на ПСШ „Липа“ Јанче Јанески изјави дека засадувањето ќе продолжи и утре за да се засадат сите 12 000 садници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи