Не смее да има ни трунка сомнеж во ничиј ум дека многу си ги сакаме нашите четириножни крзнени пријатели. Сигурни сме дека ако имате кученце или маченце, се трудите да му го обезбедите најдобриот живот и грижа колку што можете. Работата е во тоа што колку и да внимавате, кученцето или маченцето сепак може да падне во неволја и да касне нешто што не треба. Како пчела или оса.
Дури сте се свртиле, неговото преслатко лиценце е отечено и изгледа пресмешно. Некогаш веднаш мора да го однесете на ветеринар, во случај на алергија, а некогаш е потребно само да го погалите кученцето или маченцето, да се надевате дека нема да го боли многу и дека брзо ќе му помине.
И секако, да ги сликнете нивните преслатки лиценца.