На територијата на општина Кичево, во населби каде што во поголем број живее Ромско население, се спроведува истражување ко е ги зема во предвид условите на живеење, домување, вработување и образование на Ромското население во Кичево.
Истражувањето ќе се користи понатаму како основа врз која ќе се изработи програма за социјална поддршка, а која ќе им помогне на Ромското население како и на други лица кои живеат во сиромаштија во општина Кичево.
Во рамките на овој проект покрај истражувањето се реализираат и состаноци за зајакнување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации, се работи на градење на капацитетот на работните групи за пишување и имплементирање на проекти преку менторски процес, и обезбедена е правна поддршка за добивање на лични документи и аплицирање за социјална програма.
Проектот „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, во соработка со Општина Кичево, а финансиран e од Сојузна канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп