Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се изготвени вакциналните сертификати кои што ревакцинираните ќе почнат да ги добиваат веќе од понеделник.
„Изготвен е сертификат по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе им служи на граѓаните да патуваат во Грција откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, а треба да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест“, објави Филипче.
Министерот соопшти дека во Македонија има 20 овластени лаборатории чии тестови ќе бидат признаени.
Според веб страницата на Министерство за надворешни работи, Македонците без посебни услови засега можат да патуваат само во Србија и Косово, а со негативни ПЦР тестови можат да патуваат во Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина. За влез во Албанија, задолжителен е карантин од две недели.