ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев не реализирала 19 од 23 препораки на ГРЕКО, Љупчо Николовски е еден од проблемите


Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за извештајот на ГРЕКО.  Во соопштението стои дека Владата не реализирала над 80% од препораките на ГРЕКО, и го посочуваат проблемот со Љупчо Николовски, кој треба да биде и антикорупционер, а во исто време е и високопозициониран функционер и политичар.

„Владата на Заев не имплементирала над 80% од препораките на ГРЕКО, Љупчо Николовски е еден од проблемите.

19 од вкупно 23 препораки кои ГРЕКО ги нотирала во извештајот од 2019 година, а требале да се имплементираат во 2020 година не се имплементирани или се недоволно и незадоволително направени.

Владата на Заев не овозможила непречено работење на ДКСК, со тоа што на Комисијата не е овозможила целосна функционалност.

Еден од најголемите проблеми е двојната улога на Љупчо Николовски, кој треба да биде и антикорупционер, а во исто време е и високопозициониран функционер и политичар. Николовски и практичен судир на интереси. Неговата функција повеќе кумулира моќ, отколку што служи за борба против корупцијата и криминалот.

Според Греко имплементацијата на Кодексот на однесување е во рацете на заменик-премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, тоа не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО.

Видовме како луѓе блиски до Николовски шверцале тутун, ја оштетиле државата и народот. Видовме и како тој си ги вработува роднините во администрација и како е главен теренаш на СДСМ, а глуми антикорупционер.

Извештајот на ГРЕКО е само уште една потврда дека Владата не оди во добар правец, и дека државата со Заев тоне“ – Со Почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи