„Дигитална Гиза“ – виртуелна прошетка по египетските пирамди


Ако патувањето е идеален начин да се доживее убавината на древните пирамиди во Гиза, Египет, тогаш „Дигитална Гиза“, направена од Универзитетот Харвард, е најдобрата алтернатива за тоа.

Како што пренесува „Нердист“, „Дигитална Гиза“ (Digital Giza) е дел од проектот „Гиза“ на Харвард – обид да се каталогизира и обопшти архивата и податоците во една база. Истражувачите создадоа дигитална платформа со 3-Д модели, виртуелни прошетки и други бесплатни интерактивни компоненти, кои им помагаат на луѓето да го истражуваат местото оддалеку.

На пример, може да се движите низ Големата пирамида – најголемото од трите зданија, изградена од фараонот Кеопс околу 2550 г. пр.н.е. Кеопсовата пирамида не само што е најстаро од седумте древни светски чуда, туку е и единственото што сè уште постои. Другите две пирамиди се Кефреновата и Менкауровата пирамида, изградени од синот и внукот на Кеопс.

„Дигитална Гиза“ нуди и поглед и на Сфингата и други знаментости. На платформата има и виртуелни обиколки на неколку екстравагантни гробници, заедно со уметничките дела и скулптури, кои до ситници може да се видат однатре.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи