Заев: Акцијата на Плетвар е професионално спроведена и успешна


Полициската акција што беше спроведена е исклучително професионална и успешна на ниво на стандарди на најсовремени демократски држави во светот. Апсолутно осмислена, организирана, комплетно по сите професионални стандарди, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во врска со одговорноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на полициската акција заедно со американската ДЕА во која кај Плетвар беше запленета поголема количина дрога, а беа уапсени командирот на ПС Прилеп и возачот на неговиот братучед.

„Да се бара оставка за успешно спроведена акција, ниту имам право, ниту сакам да размислувам, освен да поттикнам професионалност во спроведувањето на законите и законот да важи еднакво за сите без разлика кој на кого е близок, без разлика кој во кои социјални слоеви во општеството припаѓа или во кои институции работи или не работи. Само така ќе ја враќаме довербата кон институциите.

Денес можеме да докажеме и покажеме дека истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали некој е близок до власта или до опозицијата или нема никакви предиспозиции политички, ако се огреши пред законот одговара. Секој е невин додека не се докаже вината, но секој е еднаков пред законот и никој не е заштитен од одговорност. Командирот на полициската станица го бира Советот на Општината, истовремено ако тој посегнал кон незаконско дејствие апсолутно треба да одговара“, рече премиерот Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи