ГРЕКО не вели дека функцијата на вицепремиерот Љупчо Николовски е неприфатлива. ГРЕКО констатира дека две задачи кои тој ги обавува – испитување и санкционирање на функционери и доверливо советување, се две некомпатибилни работи, вели премиерот Зоран Заев за Слободен печат.
„ГРЕКО не дал негативна забелешка за постоењето на таков вицепремиер. Напротив, го поздравува новиот Етички кодекс и фактот дека е одредено лице (вицепремиерот) за негово спроведување. Но, ГРЕКО не се согласува со тоа едно исто лице (вицепремиерот) да биде надлежно и за санкционирање и за советување. ГРЕКО препорачува тие две функции да се разграничат, за да не може доверливите работи, избраните и именувани лица кои ги споделиле со оној со којшто се советувале, тој да ги искористи за нивно казнување“, вели премиерот Заев за Слободен печат.