Николовски: Пауновски е разрешен поради непрофесионално однесување согласно етичкиот кодекс


Владата во следните денови ќе назначи нов в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, по разрешувањето на доскорешниот Стојко Пауновски. Вицепремиерот Љупчо Николовски го повтори ставот дека Пауновски го прекршил етичкиот кодекс и најави дека институцијата ќе треба непречено да функционира во следниот период кога ќе се олабават рестриктивните мерки.

Тој порача дека во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување.

„Во наредните денови ќе видиме кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста“, објасни Николовски.

Николовски потенцира дека Владата, согласно Информацијата за јакнење на капацитетите на сите инспекторати донесена на 43-та седница, на ДПИ му дала 22 согласности за вработувања инспектори во Скопје, Струмица, Штип, Берово, Делчево, Крива Паланка, Битола и Прилеп.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови јавно му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 рамковни вработени, кои со години земаа плата, а не одеа на работа и беа распределени во Државниот пазарен инспекторат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи