Сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој вчера со одлука на владата беше разрешен од функцијата, преку објава на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот „пркос“ согледале искрени намери и желби за силна, стручна и независна Европска институција.
„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот“, напиша Пауновски.