Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека утрово се спроведува полициска акција во Арачиново, а меѓу приведените има и полициски службеник.
„Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе“, соопшти Спасовски.
Се очекува МВР во текот на денот да излезе со повеќе детали.