Пред МОН родителите собираат потписи за стопирање на Законот за дигитални учебници

Воведувањето на дигитални учебници кое го најави министерката за образование и наука, Мила Царовска и понатаму предизвикува големо незадоволство кај голем број родители. Веднаш по оваа најава по социјалните мрежи се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родители, скоро 70 илјади, јасно посочуваат дека се против тоа.

Од истата група може да се увиди дека најпрво беше направена онлајн петиција против воведување на дигиталните учебници, а истите членови најавуваат и отварање на пунктови ширум целата држава, а истовремено од нивна страна има најава и за протести.

Група родители денеска пред Министерството за образование , во периодот од 10-14 часот поставија пункт каде собираат потписи во знак на поддршка на барањата на групата. Појаснуваат дека им се потребни минимум 100 потписи за барањето да влезе во Собрание и да се стопира гласањето на законот.

Освен стопирање на Законот тие бараат јавна расправа и дебата за измените, но и директно и непосредно учество на стручни лица и претставници на групата граѓани во ревизија и интервенции во Законот.

„Ајде РОДИТЕЛИ да докажеме дека не сме манипулатори!

Активностите за собирање 100 потписи за да влезе нашето барање во МОН веќе се исполнуваат! Сите кои можете од 10 – 14ч пред МОН дадете го Вашиот потпис за ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ РАБОТИ“, стои во објавата на ФБ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи