Основното јавно обвинителство Велес денес, 28.04.2021 година донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 40 години од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 20.10.2020 година околу 20.00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија.
Осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување. Овие околности укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.