Полицијата затекнала 40 лица кои не ја почитувале забраната за движење во временскиот период од синоќа во 20 часот до утрово во 5 часот и тие ќе добијат прекршочни пријави.
Полицијата во последното деноноќие парично казни 528 лица кои ги затекнала без заштитна маска на лицата.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат како полицискиот час, така и здравствената мерка за заштита од коронавирусот како што е задолжителното носење маска или друг вид прекривка на лицето.