Филипче: Нема обид за провизии или нешто нелегално за кинеските вакцини, нема исплата од 12 милиони евра


Нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговорот на прашањето поставено на денешната седница за пратенички прашања од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во однос на набавката на вакцини од Кина.

Филипче дека процесот на набавка на вакцини е комплексен за сите земји во светот, не само за нашата и сите имале слични карактеристики, сите компании, производители, сите меѓународни системи и меѓународни институции.

„Процесот на вакцинација одлично се спроведува во земјава, близу 55 илјади граѓани денеска веќе се вакцинирани. Функционира КОВАКС системот од кој сите ние многу повеќе очекувавме, за жал почна нешто покасно и сега се става во функција во сите земји во светот согласно правилната распределба согласно динамиката што е веќе соопштена. Во таа смисла во нашата земја во моментот има вакцини од производителот Астра Зенека, од Фајзер, Спутник и кинески вакцини дел од донација, а дел се очекуваат в петок наутро од 200 илјади вакцини“, изјави Филипче.

Повтори дека кога се обидувале да ги контактираат компанииите, многу од нив не одговарале, а на 30 декември кога Фајзер соопштиле дека ќе дозволи да направат договор, и после 3 месеци требало договорот да се финализира на нивно барање. Филипче подвлече дека такви биле постапките, процедурите и правилата што важат насекаде во светот. Информира дека многу компании им кажале оти не се согласуваат да дадат вакцини за големина на пазар како нашиот.

„Кинеските компании во еден момент не одговараа на повиците, затоа најдовме фирми што не донесоа до производителите и воопшто не се фантомски. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, ние сме отворени и транспарентни во таа соработка и немаме што да скриеме, рече Филипче, додавајќи оти нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено и за никакви разлики.

За сите вакцини од сите производители, сите одлуки за доверливост на затворена седница ги носеше Владата, на барање на компаниите на производителите кои не скаа да ги откријат цените. Тоа е политика на тие компании“, рече министерот Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи