Претседателот на Собранието Талат Џафери денес соопшти дека минатата недела на пунктовите во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ биле вакцинирани 88 пратеници, а меѓу нив и самиот тој ја прими вакцината „Спутник В“.
Тој рече дека втората доза од вакцината „Спутник В“, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно.
Џафери најави дека ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести, седниците да се одржуваат во пленарната сала на Собранието.
Вакцинацијата на пратениците почна на 23 април , како дел од приоритетната критична инфраструктура за имунизација.