Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 8 °C до 25 °C.
УХМР предупредува дека до понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени.