Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, не верувам во приказни за формирање нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека екс-претседателот на партијата Бранко Црвенковски ќе формира нова партија. На шпекулациите дека Црвенковски ќе се здружи со незадоволните членови на СДСМ во нова партија, Заев ги упати новинарите да го прашаат поранешниот претседател, иако тој не верува дека Црвенковски може да биде нешто друго освен СДСМ.

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.

Тој додаде дека во СДСМ секогаш имало различни мислења и различни амбиции, но низ тоа се гради единството, бидејќи  знае и раководството да се повлече од свои одлуки, но и членовите во корист на раководството па така, според него, се градат одлуки кои се од најголема корист за граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи