Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 11 °C до 26 °C.
Утре времето ќе биде претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови.