ВИДЕО-Мицкоски: Бараме предвремени парламентарни избори, никогаш не било полошо во последниве 3 децении


Логично е дека ние како опозиција се бориме и работиме да имаме предвремени парламентарни избори, бидејќи ситуацијата, не велам само јас туку и убедливо мнозинство на граѓаните е дека ситуацијата е катастрофална и никогаш не било полошо во изминативе 30 години. Истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриистијан Мицкоски, денеска во Прилеп.

„Не знам што е она што денеска функционира во државата, не велиме што функционира одлично туку норамално што функционира. Така што треба час поскоро оваа Влада што денеска денеска е во Илинденска број 2, овој состав на влада да замине, бидејќи тоа што имаа да покажат покажаа. Тие што не успеаја ги промени Заев, погледнете ја неговата прва постава во 2017 година, 1 јуни пред 4 години со која настапи и погледнете сега што се случува и ќе ви стане јасно за што станува збор. Човекот се опкружува со луѓе што милуваат да му клатат глава и тие малку критички мисли да му ги рефлектираат, но за жал народот ја плаќа цената.

Најсиромашната држава сме на Балканот, најкорумпираната држава сме на Балканот, најмногу криминал има на Балканот, пола балканска мафија, албанска, црногорска, турска итн. шета низ Европа и управува со финансиски фондови со македонски пасоши издадени од началниците на министерството на Спасовски. Во образованието имаме катастрофа, можеби и единствена држава каде што се обидуваат на сила да протуркаат образование без учебници, немаме универзитет во првите 1.000, сега сме на дното таму некаде околу 2.000-то место. По економијата сме убедливо последни, Србија има раст, а ние имаме убедливо пад на економијата и што уште не, да не зборувам, колку побрзо заминат толку подобро за сите нас.

Но тука нема да застане работата, мора потоа да имаме одговорност, затоа што знаете ако политичари дојдат и уништат, а потоа нема одговорност, тогаш секој нареден ќе мисли дека што и да направи ќе му помине тоа, така што мора после ова да има и некаква одговорност“, истакна Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи