Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 3 до 9 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 58 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 6 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 412; на болничко лекување се наоѓаат 32 лица, од кои 31 се на кислородна поддршка; во дневната болница се лекуваат 37 пациенти.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.243.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 411 лицa.