Загина мотоциклист на патот Прилеп-с. Лениште


На 11.05.2021 во 18.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат Прилеп-с.Лениште, мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(71) од Прилеп изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи