Владaта даде негативно мислење за законот за една изборна единица


Владата дала негативно мислење за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат поголеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик e поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.

Според текстот на мислењето доставено и потпишано од вицепремиерот Артан Груби, работата на работната група е поддржана и постојано набљудувана од страна на меѓународните организации кои активно го следат изборниот процес во државата изминатите дваесетина години (ИФЕС, ОБСЕ/ОДИХР, НДИ, ЕУ).

Со ова, Владата му предлага на Собранието да не го донесе законот, објави „Слободен печат“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи