Пендаровски се вакцинираше во Куманово: Сите вакцини се безбедни


Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ја прими својата прва доза од вакцината против Ковид- 19 во Куманово.

„Терминот за вакцинирање ми беше закажан за вчера, меѓутоа бидејќи бев на службен пат, денеска ја примив вакцината. Со тимот од кабинетот решивме да се вакцинираме  во друг град за да ја разбиеме шпекулацијата дека наводно едни вакцини се даваат во Скопје, сметам дека и  другите кои се на функција треба истото да го сторат. За да докажеме дека сите вакцини кои пристигнуваат во земјава се безбедни, и не треба да имаат никаков сомнеж, треба што побрзо да го направат тоа, бидејќи повеќе од една година сме практично како во затвор и добро е што побрзо да се враќаме во нормала. Ревакцинацијата ми е на 8.6.2021, и планирам да ја примам во друга општина“, изјави Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи